За дома
Сензор · прочистувач · апликација

Најчистиот воздух,
таму каде што спие вашето дете.

Во затворен простор воздухот може да биде 2 до 5 пати позагаден отколку надвор. Во зима, со греењето, кај нас често е и полошо. Terra Regina го мери воздухот во вашиот дом и сам реагира кога треба.

Илустрација на дом со сензор и прочистувач во дневната и детската соба
Сензор и прочистувач во дневната и во детската соба
Погледни

Чист воздух
дома.

Сензор, прочистувач и апликација: како работи во еден дом, за 80 секунди.

За кого е

За оние што
дишат најосетливо.

Секој дише подобро во чист воздух, но за некои тоа е посебно важно.

👶

Деца и бебиња

Дишат побрзо од возрасните, а белите дробови им се уште се развиваат. Во детската соба поминуваат половина ден, најмногу додека спијат.

👵

Постари лица

Ситните честички го оптоваруваат срцето и дишењето. Чист воздух дома значи помалку напор за оние со висок притисок, астма или ХОББ.

🤧

Алергии и астма

Прашина, полен и чад од печки. Прочистувачот ги фаќа пред да стигнат до вас, а сензорот покажува кога тоа се случува.

Што добивате

Три дела,
еден систем.

Почнете само со сензорот. Додадете прочистувач и таблет кога ќе сакате.

FoSen сензор за внатрешен воздух
Основа

FoSen сензор

На ѕид, во дневната или детската соба. На секоја минута мери PM2.5, CO₂, температура и влажност.

Grünluft прочистувач на воздух
Опција

Grünluft прочистувач

HEPA прочистувач што се пали сам кога сензорот ќе покаже лош воздух, и се гаси кога е чисто.

Приказ на воздухот дома на таблет и телефон
Информација

Таблет и апликација

Воздухот дома со боја што секој ја разбира, известувања на телефон и совет што да направите.

Само сензорЗнаете каков воздух дишете
Сензор + прочистувачВоздухот се чисти сам
Целосен пакетСензор, прочистувач и таблет за целото семејство
Еден ден во вашиот дом

Работи само,
од утро до утро.

Не треба ништо да вклучувате. Системот гледа и реагира.

  1. Утро

    Воздухот е чист. На таблетот свети зелено.

  2. Готвење

    PM2.5 расте. Прочистувачот се вклучува сам и за 20 минути воздухот е повторно чист.

  3. Детската соба

    Затворена врата, CO₂ расте. На телефон стигнува известување: проветрете 5 минути.

  4. Ноќ

    Детето спие во чист воздух. Прочистувачот работи тивко само кога треба.

И надвор

Знајте каков е воздухот
и пред вашата врата.

Јавната мапа во живо е бесплатна за сите, без најава. Во Струмица родителите добиваат и Telegram известувања за училиштата и градинката.

  • Јавна мапа во живо, на телефон и компјутер
  • Telegram известувања за следените училишта
  • Чиста рута за прошетка или велосипед (во развој)
Понуда за дома

Сакам чист воздух дома.

Кажете ни колку соби имате и кој живее дома. Ќе ви предложиме пакет и ќе ви пратиме понуда.